сабота, 27 јули 2024

Сијарто: Големиот економски раст се случува на Истокот, а не на Западот

Соработката на европските земји со Кина во голема мера влијае на нивниот економски ефект, при што источните инвестиции и трговијата се исклучително значајни од аспект на конкурентноста и растот, оцени унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во оваа критична ситуација расте значењето на поврзувањето и цивилизираната соработка Исток-Запад. Големиот економски раст е на Истокот, а не на Западот, трговијата со Кина го одредува ефектот на европските економии“, кажа Сијарто во Ташкент, каде учествува на настан на унгарско-узбекистанската економска соработка.

Сијарто истакна дека земјите кои најефикасно и најбрзо градат соработка со Истокот се во состојба да ги сочуваат своите достигнувања и брзо се развиваат, и истакна дека во сегашната ера на војни и кризи се создаваат трендови на формирање блокови во светот.

„Ова е против нашите национални интереси. Нашата цел е претстојниот период да биде посветен на поврзувањето, а не на формирањето блокови“, додаде шефот на унгарската дипломатија.

Оцени дека Европската Унија направила грешки во одлуките кои ги донела како одговор на конфликтот во Украина, додека санкциите и ембаргото на енергенсите ѝ нанеле штета на европската економија.

Сијарто потсети дека Унгарија со Централна Азија развива соработка веќе 14 години.

„Рано го препознавме значењето на Централна Азија во момент кога тоа предизвикуваше сериозни критики, но сега се покажува дека сме во право“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ