Тој додаде дека Европејците ја увиделе важноста на тој регион десет години откако унгарската влада одлучила да ги интензивира односите со него, пренесе унгарската агенција МТИ.
Сијарто, кој претседаваше со состанокот, истакна дека веќе никој не ја доведува во прашање важноста на Централна Азија, но дека унгарската влада пред 14 години беше критикувана за создавање силни стратешки врски со тој регион.
Според неговите зборови, овој дел од светот обезбедил нови трговски патишта, енергетска безбедност, како и значаен придонес во борбата против тероризмот.
Зборувајќи за глобалните енергетски мрежи, Сијарто посочи дека нуклеарната енергија е најбезбедна и најодржлива и во таа смисла се осврна на неодамна одржаниот референдум за изградба на нуклеарна централа во Казахстан.
„Ова може да отвори нови патишта за соработка во областа на енергетиката со ЕУ“, посочи тој.
Унгарскиот функционер рече дека верува оти новата енергија и стимулации кои ѝ се потребни на Европската унија можат да дојдат од централноазискиот регион.