По дебаклот во Џенова, мечот со Фросиноне беше дуел кој Рома мораше да го победи, тоа и се случи.
Фросиноне на Олимпико пристигна со серија од пет натпревари без пораз, но во Рим го положи оружјето, гостите немаа ниту еден шут во рамките од голот на Руи Патрисио.
Резултатот го отвори Ромелу Лукаку кој погоди по асистенција од Дибала, погодокот беше постигнат во 22. минута.
Тој резултат беше актуелен се до 83. минута кога по центаршут на Дибала, Пелегрини реализираше за конечни 2-0.