Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да располагате со вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства
Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да ги искористат овие поволности.
Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и практични поволности, Пакетот за пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.
Комерцијален текст