сабота, 27 јули 2024

Сиднеј повеќе не е најголемиот град во Австралија

Објавено на

часот

Сподели

Според најновите владини бројки од јуни 2021 година, Мелбурн сега има 4.875.400 жители, што е за 18.700 повеќе од Сиднеј. Австралиското биро за статистика (АБС) дефинира градско урбано подрачје така што ги вклучува сите поврзани предградија со повеќе од 10.000 жители.

„Според дефиницијата на пописот во 2021 година, главната област на Сиднеј имаше поголем број жители од Мелбурн. Сепак, со спојување на Мелтон со Мелбурн во најновата класификација, Мелбурн има повеќе жители од Сиднеј, и тоа од 2018 година“, рече Ендрју Хау од Еј-би-си за Сиднеј Морнинг Хералд, како што пренесе Би-би-си.

Но, граѓаните на Сиднеј би можеле да укажат на тоа дека тој град, ако се гледа поширокиот регион, е сè уште поголем од Мелбурн. Според Еј-би-си, поголемите региони на градот ја претставуваат неговата „функционална област“, ​​која ги вклучува оние граѓани кои работат, го поминуваат слободното време или одат на шопинг во градот, но живеат во мали градови и рурални области што го опкружуваат.

Властите, сепак, предвидуваат дека пошироката област на Мелбурн ќе ја надмине пошироката област на Сиднеј во 2031 или 2032 година. Ова не е првпат Мелбурн да ја носи титулата најголем град во Австралија. За време на златната треска од крајот на 19 век, што предизвика многумина да се упатат кон Викторија, населението на Мелбурн значително се зголеми и до 1905 година беше поголем од Сиднеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ