сабота, 27 јули 2024

Си вети помош за Газа. „Војната не треба бесконечно да трае“

Кинескиот претседател Си Џинпинг во четвртокот вети помош за Појасот Газа и се заложи за мировна конференција на состанокот со највисоките претставници на арапските земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН и свикувањето на поголема, поавторитативна и ефективна меѓународна мировна конференција, рече Си во четвртокот во Пекинг.

Си рече дека Пекинг има намера да помогне во повоената реконструкција и ќе донира 3 милиони долари на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

„Војната не треба бесконечно да трае, правдата не треба трајно да отсуствува“, рече претседателот на кинеската држава и лидер на Комунистичката партија.

Пекинг зазеде неутрален став во тековниот конфликт во Газа и постојано повикува на разговори за прекин на огнот без директно да ги осуди нападите на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври кои го предизвикаа конфликтот.

Во средата, Министерството за надворешни работи на Пекинг уште еднаш изрази загриженост поради израелската офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Газа и ги повика „релевантните страни“ да ги прекинат борбите.

Кина со години има добри односи со арапскиот свет богат со ресурси.

Кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ал Калифа, претседателот на Египет Абдел-Фатах ал-Сиси, претседателот на Тунис Каис Сајед и претседателот на Обединетите Арапски Емирати шеикот Мохамед бин Зајед Ал Најан отпатуваа во Пекинг на Форумот за кинеско-арапска соработка.

Пекинг вложува пари во голем број проекти во регионот преку својата иницијатива „Појас и пат“. Си ги наведе зелените технологии и вештачката интелигенција како други потенцијални области на соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ