Тој од 6 до 10 декември 2024 неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка од банка на лице од Штип, при што неовластено ги прибавил неговите податоци и подоцна ги употребил податоците и со неговата картичка извршил 21 успешна трансакција на 13 продажни места во Штип и Радовиш, како и четири неуспешни трансакции. Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 24.370 денари.