среда, 25 декември 2024

Си му кажал на Бајден дека Пекинг мирно ќе го обедини Тајван со Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг отворено му кажал на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, на неодамнешната средба во Сан Франциско, дека Пекинг повторно ќе го обедини Тајван со континентална Кина, но дека сè уште не е одлучено кога, кажале тројца сегашни и поранешни американски функционери.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот на кој присуствувале десетина американски и кинески функционери, Си му кажал на Бајден дека Кина сака да го припои Тајван по мирен пат, а не со сила, кажале функционерите, пренесува Ен-би-си њуз.

Кинескиот лидер се осврнал и на предвидувањата на американските воени лидери дека Си планира да го припои Тајван во 2025 или 2027 година, кажувајќи му на Бајден дека тие згрешиле бидејќи тој не поставил временска рамка, навеле два сегашни и еден поранешен функционер кои се информирани за состанокот.

Тие кажале дека кинеските функционери пред самитот побарале Бајден по состанокот јавно да соопшти дека САД ја поддржуваат целта на Кина мирно да се обедини со Тајван и дека не поддржуваат тајванска независност, но дека Белата куќа го одбила барањето.

Приватното предупредување на Си до Бајден, на состанокот чија цел беше да се намалат тензиите меѓу САД и Кина, го привлекло вниманието на американските функционери бидејќи е упатено во момент кога однесувањето на Кина кон Тајван се смета за сè поагресивно, пред важните претседателски избори на одметнатиот остров следниот месец.

Силното тропање со оружје околу Тајван е главната грижа на функционерите на администрацијата на Бајден, која по секоја цена настојува да избегне воен конфликт со Кина.

На минатогодишниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, Си изјави дека Кина ќе го нападне Тајван ако властите на тој остров прогласат независност со странска поддршка. Си кажа дека заканата со сила е „насочена исклучиво на мешањето на странските сили и на неколкуте сепаратисти кои бараат“ независност на Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ