сабота, 27 јули 2024

Си-ен-ен: Западот ѝ помага на Украина да гаѓа цели длабоко во руската територија

Западните земји ѝ помагаат на Украина да напаѓа со беспилотни летала длабоко во руската територија, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на украински извор поврзан со програмата за производство на дронови на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неименуваниот функционер опишал како Киев ги користи беспилотните летала со поголем дострел и „понапредни способности“ за напад врз цели кои се наоѓаат на повеќе од 1.000 километри од границата.

„Траекториите на летовите се однапред одредени со помош на нашите сојузници, а леталата се држат до подготвениот план на лет, што ни овозможува да гаѓаме цели со висока стапка на прецизност“, кажал украинскиот извор.

Ова признание за добивање упатства од странство следи по извештаите дека воен персонал од западните земји им пружа на украинските трупи разузнавачки податоци и информации за конкретни цели. Исто така, постојат и сериозни индикации дека мал број војници од НАТО земји веќе се наоѓаат во Украина и ѝ помагаат на украинската војска во управувањето со комплексните системи за противвоздушна одбрана.

Вашингтон пост минатата година цитираше висок украински функционер кој кажач дека украинските војници „речиси никогаш не ракуваат со напредното оружје“, вклучувајќи ги ракетните лансери ХИМАРС од американско производство, без да добијат координати од Пентагон.

Украинската војска во вторникот со беспилотни летала го нападна руски Татарстан, регион 650 километри источно од Москва, кој претходно не беше напаѓан со ваков вид оружје. Еден дрон имал цела да погоди рафинерија за нафта во Нижнекамск, град на околу 1.100 километри од границата. Леталото било онеспособено од противвоздушната одбрана и не предизвикало штета.

Друго летало удрило во студентски дом во индустриската зона во Елабуга, при што биле повредени 13 лица. Во тој комплекс има неколку компании кои произведуваат високотехнолошка опрема, вклучувајќи дронови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ