На самиот влез во палатата е постелено иранско знаме за луѓето да мора да газат по него. Иран беше најтесниот сојузник на власта на Асад. Низ палатата спијат милитантите. Се гледа нивното оружје. Еден милитант од репортерката бара да стави марама. Репортерката на Си-ен-ен тврди дека тоа е првпат откако дошла таму некој да побара да ја покрие косата.
„Да се стои во оваа палата по речиси 14 години брутална граѓанска војна е горд момент кој ја заокружува сеизмичката победа“, оценува репортерката.
Во гаражата има повеќе луксузни автомобили, ферари, астон мартин, ламборгини и колекција класични кадилаци. Репортерката истакнува дека ова е само една од повеќето гаражи, од кои една била преполна со блиндирани автомобили.