сабота, 27 јули 2024

Си-ен-ен: Руски брод со житарки украдени во Украина пристигна во Сирија

Објавено на

часот

Сподели

На снимките од компанијата Максар технолоџис се гледа како на 27 мај во Латакија се наоѓа товарниот брод Матрос Позинич. Се работи за еден од трите бродови на кои било натоварено жито во кримското пристаниште Севастопол по почетокот на руската инвазија на Украина, пишува Си-ен-ен.

Бродот последен пат бил снимен во Севастопол на 19 мај, а потоа поминал низ Босфор и јужно долж турскиот брег. Се проценува дека бродот може да носи околу 30.000 тони житарки.

Си-ен-ен претходно објави дека колони камиони биле забележани како транспортираат жито од фарми и силоси во јужна Украина до Крим. Украинските власти претходно овој месец процениле дека руските сили заплениле повеќе од 400.000 тони житарки на окупираните територии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ