четврток, 26 декември 2024

Си-ен-ен: Русија бара помош од Турција за да си ги повлече војниците од Сирија (ВИДЕО)

Руските сили побараа помош од Турција за безбедно излегување од Сирија по ненадејната офанзива на исламистите што резултираше со промена на режимот, објави Си-ен-ен Турк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според турскиот разгранок на Си-ен-ен, Русија планира да ги повлече копнените сили, но барањето не се однесува на нејзините поморски и воздушни бази во Тартус и Хмејмим, според анонимни извори.

Руските војници треба да бидат преместени во деловите од Сирија што се под контрола на Турција, а потоа по воздушен пат да бидат евакуирани во Русија. Руските сили ги користеа базите во 2015 година за да му помогнат на својот сојузник, сега соборениот претседател Башар ал Асад, да ги уништи сириската опозиција и терористите на Исламска држава.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва ја смета безбедноста на тие бази „многу важна“. „Правиме сѐ што е можно и неопходно за да воспоставиме контакт со оние што можат да гарантираат безбедност. А нашите воени офицери исто така преземаат превентивни мерки“, рече тој.

Песков на новинарите им рече дека е премногу рано да се зборува за иднината на Тартус и Хмејмим, велејќи дека „тие се предмет на разговори со оние што ќе бидат на власт во Сирија“. Тој додаде дека Русија преговара со Турција, сојузник на бунтовничките сили што го соборија Асад по двенеделно напредување.

Во неделата руските новински агенции цитираа анонимни извори дека бунтовниците што го соборија Асад „ја гарантираат безбедноста на руските воени бази и дипломатски институции на сириска територија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by W.A.R – X (@warragex)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ