понеделник, 28 октомври 2024

Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за примирје во Газа

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименуван извор. Претходно медиумите објавија дека главните преговарачи од Америка, Израел и Катар треба да започнат преговори во недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прва рунда преговори на високо ниво по повеќе од два месеци, а според Си-ен-ен, американските власти се залагаат за обновување на преговорите по убиството на еден од лидерите на Хамас, Јахја Синвар.

Египет претходно предложи дводневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за време на кој четворица израелски заложници ќе бидат ослободени.

Предлогот ќе вклучува и ослободување на неколку палестински затвореници и испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повторно повика на итен прекин на огнот, велејќи дека израелските воени операции во северниот дел на Појасот Газа ги прават животите на палестинското население неиздржливи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ