сабота, 27 јули 2024

Си-ен-ен: Планот на Трамп за Украина

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ако биде повторно избран, ќе ја искористи воената помош за да ги примора Киев и Москва да седнат на преговарачка маса и да постигнат договор за прекин на огнот, пренесува Си-ен-ен повикувајќи се на извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворот на Си-ен-ен, запознаен со мислењето на Трамп за тоа прашање, кажал дека поранешниот претседател најверојатно ќе им се обрати на претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски еден ден по својот евентуален избор (во ноември) или инаугурацијата (во јануари 2025) за да ги почне координациските преговори.

Тој додал дека Трамп веројатно ќе ја искористи американската воена и финансиска помош за Киев како „лост“ за да ги доведе двете страни на преговарачка маса.

Соединетите Американски Држави се најголемиот донатор на воена помош на Киев, но предлог законот за дополнителни 60 милијарди долари за поддршка на Украина од есента е блокиран во Конгресот, значително ослабувајќи го снабдувањето со оружје. Европските држави се загрижени дека планот на Трамп значи дека Украина ќе изгуби значителен дел од територијата.

Трамп повеќе пати кажа дека, како претседател, би го решил конфликтот во Украина што е можно побрзо. Во интервју за Фокс њуз минатиот јули, Трамп кажа дека прво ќе ги контактира Путин и Зеленски.

„Би му кажал на Зеленски: Доста, треба да се договорите. Ќе му кажам на Путин: Ако не се договорите, ние на Украина ќе ѝ дадеме многу, повеќе отколку што некогаш имале, ако мораме“, кажа поранешниот претседател на САД.

Вашингтон пост на 7 април напиша дека Трамп во приватен разговор зборувал за план за прекин на конфликтот во Украина, кој подразбира притисок врз Киев да ги отстапи Крим и Донбас на Москва.

Советникот на кампањата на Трамп Џејсон Милер тоа го нарече „лажни вести“.

„Ако Украина сака континуирана помош, ќе мора да седнат и да преговараат, а ако Русија не сака да ѝ дадеме големо количество нова поддршка на Украина, тогаш мора да седнат и да преговараат. Тоа не значи да ѝ се попушти на Украина или да му се даде на Путин сè што сака тој“, кажал изворот за Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ