среда, 29 мај 2024

Си-ен-ен: Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот

Политичкиот шеф на милитантното движење Хамас, Исмаил Ханије, им потврдил на катарските и египетските власти дека Хамас го прифатил предлогот за прекин на огнот, пренесува Си-ен-ен.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека Ханије „ги повикал катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и египетскиот министер за разузнавање Абас Камел и ги информирал за согласноста на Хамас за нивниот предлог во врска со договорот за прекин на огнот“.

Си-ен-ен се обрати до канцеларијата на израелскиот премиер за коментар.

Привремениот прекин на огнот кој беше предложен и за кој Израел помогна да се подготви, но не се согласи целосно, повикува на ослободување на 20 до 33 заложници во текот на неколку недели во замена за привремен прекин на огнот.

Тој, исто така, повика на ослободување на палестинските затвореници, по што ќе следи, како што изворите го опишаа „обновувањето на одржливиот мир“ при што преостанатите заложници, заробените израелски војници и телата на заложниците ќе бидат заменети за повеќе палестински затвореници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ