сабота, 27 јули 2024

Си-ен-ен: Гробишта во Газа оштетени и уништени, експертите велат – тоа може да е воено злосторство (ВИДЕО)

Израелската армија уништила најмалку 16 гробишта во Газа, покажува истражување на Си-ен-ен. Телевизијата наведува дека ова може да претставува уште едно воено злосторство.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледаат гробиштата во Џабалија, во градот Газа, урнати се надгробни споменици, земјата е прекопана, телата извадени, а живите немаат каде да поминат да ги посетат гробовите.

Сателитската снимка од гробиштата пред да помине војската низ нив, а потоа и снимката направена еден месец подоцна, покажуваат дека северниот дел од гробиштата е речиси целосно уништен.

Од север кон југ, во Рафа, уништени или оштетени се 16 гробишта, јавува Си-ен-ен.

Ова е кршење на меѓународното право и може да претставува воено злосторство.

Сателитските снимки покажуваат прегазени гробишта и израелски тенкови во близина.

Си-ен-ен го сними уништувањето од прва рака за време на обиколката на Газа со припадниците на израелската армија. Низ овие гробишта на видеото минува оклопно возило, на свежо ископан пат – кој минува низ трасата каде што се наоѓале гробиштата.

И има и снимки од отворени гробови во Кан Јунис, со телата извадени од нив.

Израелската војска соопшти дека ексхумирала тела во потрага по телата на заложниците киднапирани на 7 октомври во нападот од Хамас. Не сакаа да потврдат дека оштетиле гробишта, но велат дека понекогаш немаат избор. Тие доставиле фотографија од лансирна рампа за ракети на Хамас на гробишта во Газа.

Но интересно е што во некои случаи гробиштата се заобиколени, како на пример ова каде што се закопани христијански и еврејски војници загинати во Првата светска војна, иако околу нив се гледаат разурнувања.

На едни гробишта, локалните жители се обидуваат повторно да ги закопаат телата.

„Ги собираме останките на жртвите преку кои минале окупаторските сили. Идентификувавме само мал број луѓе, за другите никогаш нема да утврдиме кои се“.

Уништувањето на гробиштата е еден од аргументите на Јужна Африка, која го тужеше Израел за геноцид, но уништувањето на гробиштата може да биде воено злосторство, нагласуваат експертите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ