сабота, 27 јули 2024

Си-ен-ен: Американски нацрт на резолуција за Газа повикува на прекин на огнот и ослободување на заложниците

Соединетите Американски Држави денес проследиле нов, изменет нацрт за резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации во кој се повикува на итен привремен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на сите заложници, кажал дипломат на ОН, кој за Си-ен-ен ја потврдил содржината на текстот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Третата измена на нацртот подразбира „договор за итен прекин на огнот во Газа во траење од околу шест недели, заедно со ослободување на сите заложници кога страните ќе се договорат“, се наведува во примерокот на документот во кој имал увид Си-ен-ен и кој го потврдил дипломатот од ОН.

Во најновиот нацрт САД ја истакнуваат поддршката за привремен прекин на огнот за да се „интензивираат дипломатските и другите напори насочени кон создавање услови за одржлив прекин на непријателствата и траен мир“. Вашингтон тврди дека планира да остави простор за преговори во најновиот нацрт и дека нема да брза со поднесувањето на предлогот на гласање, навел дипломатскиот извор.

Претходните нацрти за американска резолуција повикуваа на „привремен прекин на огнот во Газа што е можно побрзо“, што е решение кое не го прифатија повеќето други членки на Советот за безбедност.

САД, кои сакаат поддршката на Советот за безбедност на прекинот на огнот да биде поврзана со ослободувањето на заложниците кои Хамас ги држи во Газа, традиционално го штитат Израел, својот најблизок блискоисточен сојузник, од критики на ОН. За усвојување на резолуција се потребни најмалку девет гласови за и без вето од која било од петте постојани членки на Советот за безбедност – Франција, Британија, Русија, Кина (покрај САД).

Вашингтон на претходните три седници на Советот за безбедност за решение на војната во Газа ставија вето на предлог резолуциите за прекин на огнот, истакнувајќи дека САД го поддржуваат она што го нарекуваат право на Израел да се брани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ