сабота, 27 јули 2024

Си Џинпинг во Париз: Врските на Кинa и Франција се пример за мирен соживот

Врските меѓу Кинa и Франција се пример за мирен соживот и соработка меѓу земјите со различни системи, изјави денес кинескиот претседател Си Џинпинг по пристигнувањето во Париз, во официјална посета н Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Развојот на врските н двете земји исто так внесува стабилност и позитивна енергија во турбулентниот свет“, кажа Си, а пренесува Ројтерс повикувајќи се на кинеската агенција Синхуа.

Си стигна во посета на Франција по повод 60 години од дипломатските односи н двете земји, на покана н францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот нa Кина на аеродромот во Париз го дочека премиерот на Франција Габриел Атал.

Си Џинпинг утре ќе се сретне со Макрон, како и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Во придружба на претседателот на Кина се неговата сопруга Пенг Лијуан, член на Главниот комитет на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, директорот на Генералната канцеларија на Централниот комитет н КПК Цаи Чи, како и министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Пекинг претходно најави дека Си за време на петдневната турнеја по Европа, покрај Франција, ќе ги посети Србија и Унгарија.

Ова е прва посета нa лидерот на Кина нa Европа во последните пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ