сабота, 27 јули 2024

Си Џинпинг му честиташе на Путин за реизборот за претседател на Русија

Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор за претседател на Русија, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од друга страна, Путин на прес-конференција по завршувањето на претседателските избори изјави дека односите меѓу Русија и Кина се стабилизирачки фактор во евроазискиот регион, пренесе Синхуа.

Според него, односите се развиваат добро во изминатите две децении, многу се стабилни и се надополнуваат.

„Најважно е усогласувањето на државните интереси. Тоа создава многу добар тон за решавање на заедничките проблеми на полето на меѓународните односи“, рече претседателот на Русија.

Тој рече дека Кина е многу активна на меѓународната сцена и постигнува голем успех.

„Таа има многу пријатели низ светот“, додаде тој.

Путин изрази уверување дека билатералната соработка ќе продолжи да се зајакнува во наредните години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ