Си, кој е и генерален секретар на Комунистичката партија на Кина и претседател на Централната воена комисија, зборуваше на митинг во Специјалниот административен регион Макао по повод 25-годишнината од враќањето на Макао на Кина, јави Синхуа.
Кинескиот претседател посочи дека големите успеси на Макао од неговото враќање во Кина му докажале на светот дека политиката заснована на принципот „една земја, два системи“ има истакнати институционални предности.
„Тоа е добра политика која помага да се зачува долгорочниот просперитет и стабилност во Хонг Конг и Макао, добра политика која служи на благородната цел за изградба на посилна земја и постигнување национална обнова, како и добра политика која помага да се постигне мирен соживот и соработка помеѓу различни општествени системи“, заклучува Си.