четврток, 30 мај 2024

Си до Шолц: Без оглед на разликите, Кина и Германија треба да бараат заеднички јазик

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека врските на Кина со Германија ќе продолжат цврсто да се развиваат, се додека двете страни меѓусебно се почитуваат и бараат заеднички јазик и покрај разликите што постојат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој престојува во тридневна посета на Кина, Си рече дека билатералните односи мора да се развиваат во сите аспекти, гледано од долгорочна и стратешка перспектива.

„Се додека двете страни меѓусебно се почитуваат, бараат заеднички јазик, задржуваат различни ставови за одредени прашања, комуницираат и учат едни од други и постигнуваат заемна корисна соработка, односите меѓу Кина и Германија ќе продолжат постепено да се развиваат“, му рече Си на Шолц.

Неговата посета, исто така, се совпадна со загриженоста на ЕУ од заканата за европските бизниси од кинеските стоки, вклучително и електричните возила и други зелени технологии, кои ги преплавуваат европските пазари.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се пожали дека кинеската хиперпродукција е неправедно поддржана од „масивни“ државни субвенции.

Но, Шолц беше внимателен во врска со отфрлањето на Кина, важен пазар за Германија, велејќи дека ЕУ не треба да дејствува од протекционистички личен интерес.

„Сепак конкуренцијата меѓу Кина и Германија мора да биде фер“, рече Шолц во понеделникот.

„Во одреден момент ќе има кинески автомобили во Германија и Европа. Едно нешто што секогаш мора да биде јасно е дека конкуренцијата мора да биде фер. Со други зборови, никакво копирање, никаква хиперпродукција, сопственичките права не смеат да бидат загрозени“, им рече Шолц на студентите од Универзитетот Тонги во Шангај.

Покрај Пекинг и Шангај, Шолц го посети и Чонгкинг, придружуван од истакнати германски бизнисмени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ