Џинпинг ова го кажал за време на инспекција на јужната зона на борбената команда.
„Неопходно е да се засилат подготовките за вистинска борба и да се интензивира обуката на војската“, кажал кинескиот претседател.
Тој истакнал дека е од голема важност истражувањата во воената област константно да се дополнуваат и да се ажурираат тактиките и методите на обука на војската.
Кинеското министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата дека воените вежби во водите околу Тајван се организирани поради посетата на претседателката Цај Инг Вен на Америка и ја оцени како апсурдна идејата дека тие претставуваат закана за Тајпеј.
„Вистинската опасност за мирот во регионот доаѓа од сепаратистичките активности на луѓето кои ја поддржуваат идејата за независност на Тајван“, истакна портпаролот на кинеската дипломатија Венбин Ванг.
Ситуацијата во регионот, според мислењето на кинеското министерство за надворешни работи, често ја компликува минувањето на американските воени бродови кои, според Пекинг, го кршат меѓународното право и ги поткопуваат суверенитетот и безбедноста на Кина. И покрај протестите на Пекинг, официјален Вашингтон порача дека „САД ќе пловат и летаат“ секаде каде што тоа меѓународното право го дозволува.