сабота, 27 јули 2024

Си Џинпинг разговараше со претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин

Објавено на

часот

Сподели

Пекинг е подготвен да продолжи да ги зајакнува билатералните односи со Москва, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со Володин.

„Кина е подготвена да вложи заеднички напори со Русија во постојаното зајакнување на билатералните односи, кои се карактеризираат со вечно добрососедство, сеопфатна стратешка интеракција и заемно корисна соработка“, рече кинескиот лидер.

Си додаде дека Пекинг се надева „на натамошно зајакнување на соработката меѓу Државната дума и Националниот народен конгрес [НПЦ] со цел да се формира солидна правна основа за развој на билатералните односи“ што ќе им користи на народите на двете земји.

Состанокот се одржа во Големата сала на народот на плоштадот Тјенанмен, каде вообичаено се примаат високи странски претставници, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Делегација на Државната Дума од 21 до 23 ноември престојува во официјална посета на Кина.

Володин и група руски пратеници претходно се сретнаа со претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес Жао Леи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ