„Ве сметаме за пријател. Активно ја поддржавте заедничката изградба на Појас и пат и придонесовте за подобрување на квалитетниот развој на соработката“, му рече Си на Орбан, пренесува Ксинхуа.
Си додаде дека во последните години, без оглед на промената на меѓународната ситуација, кинеско-унгарските односи се на високо ниво.
Тој рече дека Кина е подготвена да го подигне сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Унгарија на ново, уште повисоко ниво.
Унгарија силно ја поддржа иницијативата Појас и пат од самиот почеток и верува дека иницијативата може да донесе промени во светот и да им користи на повеќе луѓе, рече Орбан.