сабота, 27 јули 2024

Си Џинпинг: Кина е подготвена да соработува со САД за двете земји заедно да одговорат на глобалните предизвици

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина е подготвена да соработува со САД, без оглед на меѓусебните разлики, за двете земји заедно да одговорат на глобалните предизвици, објавија кинеските државни медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото доставено до учесниците на годишната вечера на Националниот комитет за американско-кинески односи со седиште во Њујорк, Си напиша дека клучните односи во светот зависат од тоа дали двете земји ќе можат да воспостават соодветни меѓусебни односи.

Повикот на кинескиот претседател да се изградат постабилни билатерални врски, за кои рече дека треба да се градат врз принципите на меѓусебно почитување и мирна коегзистенција, доаѓа пред клучната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Вашингтон кон крајот на оваа недела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и Си се очекува да се сретнат во Сан Франциско на ноемврискиот самит на АПЕК.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе се сретнат со Ванг Ји во петок во Вашингтон, најави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Според неа, на средбата ќе се разговара за отворените прашања меѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ