понеделник, 21 октомври 2024

Си береше цвеќиња со кои е испишано името на Тетово, случајот е пријавен во полиција (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Изминативе денови се забележани неодговорни лица како оштетуваат јавен имот на улиците на градот Тетово. Конкретно, за време на викендот на главната сообраќајница на излезот од градот кон Скопје, едно лице го украло цвеќето кое беше засадено во овој дел, расипувајќи ја глетката на влезот од градот. Општина Тетово апелира до сите граѓани да се грижат за јавниот имот и да го чуваат, бидејќи тој е на граѓаните. Од друга страна, ги известуваме сите лица кои ќе оштетат јавен имот дека Општина Тетово ќе ги достави предметите до Секторот за внатрешни работи и против нив ќе бидат преземени мерки согласно Законот“, се вели во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ