петок, 18 октомври 2024

Швјонтек ја победи Бенчич и првпат ќе игра четвртфинале на Вимблдон

Објавено на

часот

Сподели

Вимблдон не е турнир кој ѝ лежи на Швјонтек, таа за првпат се пласира во четвртфинале на овој грен-слем.

Швајцарката со чешко потекло, Белинда Бенчич беше на работ да направи изненадување, во вториот сет имаше две меч топки, но не ги искористи.

Во првиот сет ниту една не го загуби својот сервис, а во тајбрејкот Бенчич беше подобра со 7-4.

Во вториот сет се случи клучниот момент, при водство од 6-5 во гејмови, Бенчич имаше две меч топки, но Швјонтек се издигна кога најмногу требаше го зема гејмот, а потоа во тајбрејкот беше подобра со убедливи 7-2 и изедначи на 1-1 во сетови.

Во третиот решавачки сет, Швјонтек со еден брејк го доби со 6-3 и дојде до победата која ја однесе во четвртфинале.

Таму ќе игра против Свитолина која во исто така супер интересен меч ја победи Азаренка со 2-1 (2-6, 6-4 и 7-6).
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ