недела, 20 октомври 2024
Одлуката за помош на Вардар не им се допадна на сите

Шверцерите се заканија: Ако му дадете пари на Вардар, бидете подготвени за последици

Објавено на

часот

Сподели

„Шверцерите“ со соопштение на социјалните мрежи се заканија дека ако му се помогне на Вардар ќе има последици. Тие сметаат дека ако се помогне на Вардар кој го нарекуваат најлош клуб во Скопје, треба да им се помогне и на нив. 

„Силно ја осудуваме одлуката на град Скопје за финансиска помош на најслабиот тим во престолнината. Без разлика што Шкупи го претставува градот, ниту најмала сума не завршила како овој клуб, кој за настапите во Европа плаќа сериозни пари за играње на скопската Арена. Скопје се финансира од даноците кои граѓаните ги издвојуваат за модерен и урбан град, а не за политички маркетинг. Затоа, бараме ваквата одлука да биде повторно разгледана, а ако таа стапи на сила тогаш бидете подготвени да ги сносите последиците“, напишаа навивачите на Шкупи.

И советници на ДУИ гласаа за одлуката да му се помогне на Вардар, па тие се најчестата мета на негативни коментари меѓу навивачите на Шкупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ