„Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило“, се наведува во соопштението.
Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил објави видео од заплената на девиите.
„До каде оди ‘креативноста’ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени“, напиша Богоев.
Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него е поднесена соодветна пријава.