сабота, 27 јули 2024

Швеѓаните во судиите најдоа причина за киксот!?

Објавено на

часот

Сподели

Си најдоа изговор за лошиот настап: Далибор Додер

Иако играа очајно во две третини од мечот, двапати губеа со четири гола разлика, на Швеѓаните криви им се судиите, кои го толерирале Лазаров и Темелков, во клучните пет минути, кога нашата репрезентација успеа да се врати по негативата од три гола.

„Судијата му помогна на Лазаров“, коментираа играчите за „Спорт Бладет“.

Коментарите се за укажувањата да не прави престап во самиот финиш, кога Лазаров го погоди седмерецот за водство од 26-25. На крајот Екдал Ду Риц израмни, што беше и конечен резултат.

„Тој згазна. Го гледав и на тренинзите, кога му укажуваа дека прави престап, чекори… Тој направи повеќе чекори и тоа се случи неколкупати“, изјави Магнус Јернемир.

И Далибор Додер, плејмејкерот на Швеѓаните, се пожали на судиите. Тој ја загуби топката кога Влатко Темелков му ја украде и ја доведе Македонија на гол заостаток, 24-25.

„Ме удри по рака. Тоа требаше да биде прекршок за нас“, рече Додер.

Се жалеа Швеѓаните и за кратките напади што ги добивале од судиите Нордин Лазар и Лорен Ревере.

„Ние мораше да се концентрираме на одбрана од една минута, а добивавме половина минута за напад“, коментираше Јернемир.

Прашање е дали Швеѓаните ги коментираат и одлуките во нивна корист, како три исклучувања во две минути, па неизедначениот критериум за исклучување што на моменти го има судиите…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ