сабота, 19 октомври 2024
Убиецот уште не е пронајден

Шведските навивачи доцна во ноќта биле извлекувани од стадионот во Брисел

Полицијата во Белгија часови после полноќ ги евакуирала шведските навивачи од стадионот во Брисел кои останаа таму по терористичкиот напад во кој беа убиени двајца фанови.
 

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа пред натпреварот меѓу Белгија и Шведска, лице со потекло од Тунис кој се идентификуваше како член на ИСИС, уби двајца шведски навивачи, а еден е ранет.

Откако шведските фудбалери дознаа за убиството, натпреварот се прекина и не се доигра, а навивачите од Шведска кои беа на стадионот останаа таму поради тоа што напаѓачот се уште не беше фатен.

По речиси пет часа од прекинот на натпреварот, полицијата со голема операција решила да ги извлече шведските фудбалери и навивачи од стадионот.

Мотивот на напаѓачот не е поврзан со случувањата во Газа, туку тој чекал да дојде натпреварот и да убие Швеѓани како одмазда за палењата на куранот во Шведска кои се случија неодамна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ