сабота, 19 октомври 2024

Шведските фудбалери биле во шок кога дознале за убиствата, било невозможно да играат

Натпреварот меѓу Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето откако шведските фудбалери побараа да не играат поради убиствата во Брисел.
 

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна, се одигра првото полувреме по кое шведските фудбалери додека биле во соблекувалната дознале за убиството на нивни навивачи во Брисел.

Потоа било невозможно да продолжат, им соопштиле на колегите од Белгија дека не можат да играат, па била донесена одлука за прекин.

„Кога ја слушнав веста, прво разговарав со моите соиграчи, а потоа и со белгиските играчи. Веднаш имаше солидарност во белгиската соблекувална. Беше невозможно да се продолжи да се игра. Ова е страшно. За жал, насекаде во општеството гледаме луѓе со пиштоли. Сакам да изразам сочувство до жртвите во име на играчите“, рече капитенот на Шведска, Виктор Линделов.

Слична беше и реакцијата на селекторот, Јане Андерсон.

„Тешко е да се размислува за фудбал во моментов. Одигравме добро прво полувреме. Кога заврши полувремето ја дознавме таа вест. Каде оди овој свет?“, изјави Андерсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ