сабота, 27 јули 2024

Шведската безбедносна служба: Сите мораме да научиме да живееме со сериозната ситуација

Русија е главната меѓународна безбедносна закана за Шведска и надворешните непријатели би можеле да го искористат високиот ризик од екстремистичко насилство од исламистите и крајната десница, објави шведската безбедносна служба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сите мораме да научиме да живееме со сериозната безбедносна ситуација“, кажа директорката на безбедносната служба, Шарлот вон Есен, на прес-конференцијата на која го објави годишниот извештај за заканите со кои е соочена Шведска која се откажа од својата неутралност и побара влез во НАТО по почетокот на војната во Украина во февруари 2022.

„Пред сè Русија, но и Кина и Иран се и понатаму најголемите закани за Шведска и тие работат, во одредена мера и заедно, да го променат нашиот сегашен безбедносен систем“, кажа таа.

Агенцијата во август го крена нивото на опасност од тероризам од 3 на 4 на скала од 5, по неколкуте инциденти во кои поединци во Шведска и соседните земји го запалија Куранот, предизвикувајќи гнев и закани од муслиманите.

Во соопштението од извештајот, агенцијата истакнува дека шведските надворешни непријатели можат да поттикнат или да ги искористат заканите од крајно десните и исламистичките групи.

„Странските сили можат да ги искористат насилните екстремисти и други организации и поединци како посредници за да извршат заканувачки активности за безбедноста за кои можат да ја негираат одговорноста“, се наведува.

Шефот на операциите на безбедносната служба, Фредрик Халстром, им кажа на новинарите дека, бидејќи од Западот се протеруваат сè поголем број руски шпиони, Москва ја менува тактиката и „користи повеќе опортунистички методи“. Влегувањето на Шведска во НАТО сè уште го нема ратификувано Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ