понеделник, 13 јануари 2025

Шведска тестира технологија за формирање „роеви беспилотни летала“

Шведска ќе тестира нова технологија на таканаречени роеви беспилотни летала, заеднички развиени од компанијата за производство на воена опрема Сааб и вооружените сили на земјата, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека станува збор за технологија која е развиена во текот на изминатата година и дека ќе се практикува за време на претстојната воена вежба „Арктички напад“, пренесува Ројтерс.

„Ќе мораме да преземеме ризици за да ја зголемиме нашата одбранбена способност побрзо отколку што тоа го правевме досега“, рече Џонсон.

Тој истакна дека гореспоменатата технологија овозможува да се формираат роеви од дронови со различна големина и дека потоа тие самостојно решаваат задачи.

„Ваквите роеви ќе можат да вршат и извидување, лоцирање и идентификација“, рече тој.

Шведска стана членка на НАТО во март минатата година и планира да ги зголеми трошоците за националната одбрана за да достигнат висина од 2,6 отсто од БДП до 2028 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ