Во октомври беше покренато обвиниение против Килијан Мбапе за наводно силување за време на репрезентативната пауза во истиот месец.
Французинот тогаш не играше за својот национален тим и со своите пријатели отпатува на забава во Стокхолм. Денот по забавата шведските медиуми пишуваа за наводно сексуално малтретирање од страна на фудбалерот, по што беше поведена и судска постапка.
Сепак во овие два месеци не се пронајдени докази против Мбапе па обвинението е повлечено.