сабота, 27 јули 2024

Шведска размислува за забрана за палење на Куранот

Објавено на

часот

Сподели

Ирачки емигрант во Шведска минатата недела пред џамија во Стокхолм ја запали светата книга на исламот, разгневувајќи ги муслиманите низ светот. Чинот го осуди и папата Франциско, а шведските безбедносни служби кажаа дека со тоа е загрозена безбедноста на земјата.

Полицијата претходно годинава одби неколку пријави за протести кои вклучуваа палење на Куранот, истакнувајќи ја како причина безбедносната загриженост, но судовите ги поништија одлуките на полицијата, кажувајќи дека тоа е спротивно на шведските закони за слобода на изразувањето.

Шведскиот министер за правосудство денес кажа дека владата ја анализира ситуацијата и дали треба потенцијално да се менува законот. „Треба да се прашаме дали моменталниот поредок е добар или постојат причини за негова промена“, кажа Стромер.

Додаде дека Шведска станала „приоритетна мета“ за напади. „Гледаме дека минатонеделното палење на Куранот генерираше закани за нашата внатрешна безбедност“, предупреди тој.

Чинот ѝ наштети и на шведската кандидатура за членство во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека Шведска не може да стане членка додека не го сопре уништувањето на Куранот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ