сабота, 27 јули 2024

Шведска протера кинеска новинарка „бидејќи е закана за безбедноста“

Шведска протера кинеска новинарка со објаснување дека претставува „закана за националната безбедност“, јавија денес шведските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинарката, неименувана 57-годишна жена, ја уапсила шведската безбедносна служба во октомври, а ја протерала владата во Стокхолм минатата недела, јави шведската телевизија СВТ. Забрането ѝ е враќање, пренесува Асошиејтед прес.

Жената пристигнала во скандинавската земја пред дваесетина години. Имала дозвола за престој и била венчана за Швеѓанец со кого има деца. Жената имала контакти со кинеската амбасада и со луѓе во Шведска кои се поврзани со кинеската влада, извести СВТ.

Нејзиниот адвокат Леутрим Кадрију кажал за СВЅ дека жената не верува дека претставува закана за Шведска.

„Тешко ми е да навлезам во точните детали имајќи предвид дека многу нешта се означени како тајни, бидејќи ова е прашање на национална безбедност“, кажал Кадриу за шведската телевизија.

Во соседна Норвешка, медиумот НРК извести дека новинарката известувала од таа земја, како и од други нордиски земји вклучувајќи ги Данска, Финска и Исланд.

Односите меѓу Стокхолм и Пекинг се напнати со години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ