сабота, 27 јули 2024

Шведска подобра од Чешка, Станиќ, пак, клучен за Србија

Објавено на

часот

Сподели

Швеѓаните ни ја дадоа насоката како да одиграме против незгодните Чеси в четврток навечер „Викинзите“ во текот на целиот меч имаа водство против Чешка, и на крајот заслужено дојдоа до триумфот, со кој сега на табелата имаат три бода, еден пред Германија и Чешка, додека Македонија е последна со еден бод.

Никлас Екберг со 10 гола беше предводник на Шведска во триумфот , додека Линдберг даде шест гола. Кај Чесите очекувано, Филип Јиха беше најдобар стрелец со седум гола, а Јан Филип постигна шест.

Голманот на македонскиот првак Металург, Дарко Станиќ, прв чувар на мрежата на домаќинот Србија, беше клучен со 17 одбрани за втората победа на „орлите“ на ова ЕП, сега над светскиот вицешампион Данска. Србија во дербито на колото, триумфираше со 24-22.

Момир Илиќ со осум гола беше најпрецизен во српскиот тим, а Марко Вујин даде пет, но одново одбраната одигра пресудна улога во триумфот. Ларс Кристијансен со четири гола беше прв стрелец кај Данците, каде што потфрли голманот Никлас Ландин, кој имаше само 35 отсто успешни одбрани, вкупно 11.

Во истата група, Полска многу лесно и убедливо славеше над Словачка со 41-24, па по две кола, Србија има максимални 4 бода и тие ќе ги пренесе во следниот круг, со оглед дека во последното коло игра со веќе испаднатата Словачка. Данска и Полска во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе пренесе бодови. Оваа група се вкрстува со нашата во следната фаза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ