сабота, 27 јули 2024

Шведска најави воена помош за Украина од 1,16 милијарди евра – најголема досега

Шведска вети воена помош за Украина од 1,16 милијарди евра, што е најголемиот пакет помош за таа земја што Стокхолм досега ѝ го донирал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Шведска ја поддржува Украина со 16-тиот пакет помош, нејзиниот најголем“, рече вицепремиерот Еба Буш на прес-конференција, додавајќи дека помошта се состои од опрема што е на врвот на приоритетите на Украина, вклучувајќи воздушна одбрана, артилериска муниција и оклопни возила.

Стокхолм ќе обезбеди извидувачки авиони АСЦ890.

Украина на тој начин ќе има целосно нова воздушна радарска извидничка способност, насочена против цели во воздух и во море, се вели во соопштението на шведската влада.

Радарските авиони ќе му овозможат на Киев да ги идентификува крстосувачките ракети и беспилотните летала што се приближуваат, како и цели на земја и на море, рече секретарот за одбрана Пал Џонсон.

Шведска, исто така, ќе ги даде своите вкупни резерви од 302 оклопни транспортери како поддршка на распоредувањето на новите бригади на украинската армија.

Пакетот за помош вклучува и борбени ракети Рб99.

Шведска, исто така, планираше да испрати борбени авиони Грипен во Украина, но вчера го суспендираше тој проект како одговор на молбата од земјите-партнери да дозволат прво во Украина да бидат испорачани Ф-16.

Вчера Стокхолм објави и план за помош за доделување на енергетско снабдување на Украина од 57 милиони евра.

Шведска предвидува повеќегодишен план за цивилна и воена помош во вредност од 6,5 милијарди евра за периодот 2024-2026 година, со цел да го поддржи Киев онолку долго колку што е потребно.

Ова е 16-ти пакет помош на Шведска за Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ