сабота, 19 октомври 2024

Шведска на стратешки важен остров ја одржува најголемата воена вежба во последните 25 години

Објавено на

часот

Сподели

Ќе учествуваат војници од САД, Велика Британија, Финска, Полска, Норвешка, Латвија, Литванија, Украина, Данска, Австрија, Германија и Франција, главно земји членки на НАТО. Скандинавската монархија, во мај 2022 година со Финска побара пристап до воениот сојуз, по руската инвазија на Украина, со што стави крај на двовековната неутралност и воената неврзаност.

На 4 април Хелсинки официјално стана 31-ва членка на НАТО, но на шведската кандидатура, која мора да ја потврдат сите земји-членки на организацијата, сѐ уште се противат Анкара и Будимпешта.

Турција најмногу ја обвинува Шведска што не испорача десетици курдски активисти и лица кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвинува за учество во обидот за државен удар во 2016 година. Западните дипломати не губат надеж дека турскиот претседател ќе се премисли доколку победи на изборите следниот месец или ако неговиот социјалдемократски ривал ѝ даде на Шведска зелено светло.

Шведска се приближи до Алијансата со приклучување кон Партнерството за мир во 1990-тите. Но, без членство, монархијата не може да се повика на членот 5, кој е гарант за колективна одбрана. Експертите предупредуваат дека Шведска, единствената нордиска земја што не е членка на НАТО, би можела да стане стратешка област за Русија во случај на конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ