сабота, 27 јули 2024

Шведска ја победи Германија во дуелот за бронза на Европското првенство

Ракометарите на Шведска го совладаа домаќинот Германија со 34-31 во натпреварот за третото место на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Германската репрезентација не успеа да дојде до медал на првенството кое го играше дома, Шведска ги разочара домаќините.

На денешниот меч за третото место Германија имаше водство само од 2-1, потоа Шведска ја презема предноста и ја држеше до крајот на мечот. На полувремето беше 18-12.

До крајот на мечот Германија успеа само да се избори за пристоен пораз, го намали водството на Шведска, но не беше блиску до пресврт. Конечниот резултат беше 34-31.

Клар со осум голови беше најдобар во составот на Шведска, кај Германците толку погодоци даде Ушинс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ