сабота, 27 јули 2024

Шведска истражувачка ракета случајно падна во Норвешка

Објавено на

часот

Сподели

„Слета во планините на 1.000 метри височина и на 10 километри оддалеченост од најблиската населба“, изјави денеска за Ројтерс Филип Олсон, шеф за комуникации во ССЦ.

Постои процедура кога нешто ќе тргне наопаку и ги известуваме шведската и норвешката влада, како и другите актери, рече тој.

Во тек е операција за собирање делови од ракетата и истрага за да се дојде до техничките детали и да се утврди што ја предизвика непланираната траекторија на ракетата, соопшти агенцијата.

„Норвешките власти многу сериозно ги сфаќаат сите неовластени активности на норвешката страна на границата“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи.

Во случај на каква било повреда на границата, одговорните треба веднаш да ги известат соодветните норвешки власти, вклучително и Министерството за надворешни работи, преку правни канали, рече таа.

Министерството не доби никакво официјално известување за инцидентот од шведските власти, додаде таа.

Работата на норвешка територија за пристап до какви било остатоци исто така бара претходна согласност, рече портпаролката.

Норвешкото министерство за надворешни работи соопшти дека не знае дали е предизвикана штета во областа каде што паднала ракетата, додека портпаролот на ССЦ изјави дека ракетата паднала подалеку од кои било населени места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ