недела, 12 јануари 2025

Шведска испраќа три воени бродови во Балтичкото Море

Шведска ќе испрати три воени бродови во Балтичкото Море како дел од активностите на НАТО за зајакнување на присуството на воената алијанса во тој дел од светот, соопшти денеска шведската влада.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шведската армија ќе испрати и извидувачки авион АСЦ 890, се вели во соопштението на владата.

Шведска стана 32-та членка на западната воена алијанса во март, откако Русија ја нападна Украина.

Владата најави дека ова ќе биде првпат Шведска, како сојузник на НАТО, да придонесува за вооружените сили.

Одлуката е донесена откако серија инциденти на Балтикот ја зголеми загриженоста за можните руски активности во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ