петок, 18 октомври 2024

Шведска доживеа дебакл од Норвешка во меч кој не ѝ значеше, Словенија ја изненади Данска

Шведска уште во минатото коло обезбеди место во полуфиналето, па се штедеше во денешниот дуел со Норвешка и загуби со десет голови разлика, Словенија ја совлада Данска и се пласираше на третото место кое им носи борба за место на Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

Норвешка со 33-23 ја прегази Шведска, но Швеѓаните одат во полуфиналето на Европското првенство бидејќи тоа го обезбедија претходно. Денешниот триумф на Норвежаните беше само за престиж.

Блонз со 11 голови беше најефикасен во составот на Норвешка, кај Шведска Сандел постигна четири погодоци.

Данска претходно го имаше заверено првото место, па влегоа полабаво во дуелот со Словенија. Словенците го искористија тоа, го добија мечот со 28-25 и го освоија третото место. Обезбедија борба за петтата позиција која води на Олимписките игри.

Хорзен со шест голови беше најефикасен кај Словенците, Јоргенсен и Киркелоке погодија по шестпати за Данците.

Холандија и Португалија одиграа нерешено 33-33.

Во оваа група Данска го освои првото место со осум бода, втора е Шведска со шест, трета е Словенија исто така со шест но загуби во меѓусебниот дуел со Швеѓаните. Следува Португалија со пет бода, Норвешка има четири, Холандија еден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ