Неутрална Швајцарија претходно дејствуваше како посредник во решавањето на конфликтот и сега би можела да помогне во наоѓањето на решение за војната која почна со руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
„На барање на украинскиот претседател, Швајцарија се согласи да биде домаќин на самитот за мировната формула“, соопшти швајцарската влада. „Сега се разработуваат другите детали“.
Зеленски на заедничката конференција за медиуми со швајцарската колешка Виола Амхерд не даде опширна листа на учесници на планираниот мировен самит, но навести кои учесници ги сака.
„Отворени сме за сите земји кои го почитуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет на мировниот самит, затоа извлечете заклучок за тоа кого ќе го поканиме“, кажа Зеленски.
„Би сакале да биде присутен глобалниот југ. Важно ни е да покажеме дека целиот свет е против агресијата на Русија и дека целиот свет е за праведен мир“, додаде тој.
Ни Зеленски ни Амхерд не дадоа никакви детали за тоа каде или кога би можел да се одржи самитот во Швајцарија. Истакнаа дека нивните тимови ќе почнат да го организираат самитот во вторник.
Зеленски е во Швајцарија каде би требало да се сретне со светските лидери на Светскиот економски форум во Давос.