сабота, 27 јули 2024

Швајцарија направи големо изненадување, ѝ откина бод на Франција

Швајцарците направија големо изненадување откако одиграа нерешено против селекцијата на Франција, 26-26.

Објавено на

часот

Сподели

На отворањето на второто коло во нашата група се случи големо изненадување, Швајцарија одигра реми против силната селекција на Франција.

Натпреварот постојано беше изедначен, во првото полувреме двете селекции се менуваа во водство, а на одморот се замина со 14-14. Во второто полувреме Франција најчесто водеше, имашре предност и од четири гола разлика, но Швајцарија имаше подобар финиш на мечот и успеа да дојде до реми од 26-26. Швајцарците го имаа и последниот напад, шутираа за победа но не успеаа.

Најдобар во составот на Швајцарија беше Лаубе со девет голови, кај Французите Дика Мем постигна седум, Фабрегас шест голови.

Ова рами нема да ѝ е од корист на Шварцарија со оглед на негативната гол разлика поради високиот пораз од Германија. Во случај на ист број на бодови, моменталната гол разлика е +10 за Франција, а -13 за Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ