сабота, 27 јули 2024

Швајцарија ѝ забрани на Данска да ѝ испрати на Украина оклопни возила од нејзино производство

Објавено на

часот

Сподели

Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) го отфрли барањето на Данска за испорака на околу 20 пешадиски борбени возила „пирана III” во Украина, објави СРФ повикувајќи се на агенцијата.

СЕКО не беше веднаш достапен за коментар. Неутралната Швајцарија бара од земјите кои купуваат швајцарско оружје да бараат дозвола за повторен извоз на тоа оружје. Во април, СЕКО стави вето на повторен извоз на швајцарската муниција што се користи во противвоздушните тенкови кои Германија ги испраќа во Украина. Го отфрли и барањето на Полска да испрати оружје за помош на соседна Украина.

Но, Швајцарија ја отфрли досегашната практика и усвои санкции на Европската унија против Русија поради нејзината инвазија на Украина, која Москва ја опишува како „специјална воена операција“ за разоружување и „денацификација“ на Украина.

Швајцарската неутралност се соочува со најголемиот тест во последните децении додека во земјата се вжештува дебатата за тоа како да се интерпретира политиката што Швајцарија ја држеше надвор од двете светски војни во текот на 20 век.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ