сабота, 27 јули 2024

Швајцарците купуваат 36 борбени авиони Ф-35

Објавено на

часот

Сподели

Набавката на авионите вредни 5,5 милијарди долари најавена е без претходно одржување референдум.

„Планирано е авионите да бидат испорачани до 2027 година, за народот за биде заштитен од закани од воздух по 2030 година“, се истакнува во соопштението на владата.

Швајцарија минатата недела избра да нарача ловци од новата генерација Ф-35, со што предизвика незадоволство кај опозицијата која побара одржување референдум за да ја сменат, како што кажаа, „непотребно скапата одлука“.

Ројтерс потсетува дека многу земји почнаа да трошат пари на оружје, напоменувајќи дека Финска реши да купи 64 авиони Ф-35А, Германија сака да купи до 35, а Канада 88 од најсовремените американски авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ