сабота, 27 јули 2024

Швајцарците со петиција иницираат уставен референдум за укинување на санкциите против Русија

Активистичка група во Швајцарија предаде потписи за иницирање референдум за уставен амандман кој би ги укинал економските санкции воведени против Русија и би го исклучил ограничувањето на трговијата со Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Групата „Инцијативи за неутралност“ на властите во Берн им предала петиција со 130.000 потписи со што речиси извесно обезбедува референдумот да се одржи во следните неколку месеци, пишува Фајненшал тајмс.

Поддржана од страна на десничарската популистичка Швајцарска народна партија (СВП), најголемото политичко движење во Швајцарија, иницијативата предлага четири нови клаузули со кои попрецизно би се дефинирало што долготрајната неутралност на алпската земја значи во пракса.

Промените на уставот би забраниле Швајцарија да стане член на кој било воен сојуз освен ако и самата не е нападната и би ја спречиле владата да воведе или да се придружи на кој било облик на режим на принудни санкции какви што ѝ воведе на Русија поради инвазијата на Украина, освен ако Советот за безбедност на ОН даде мандат за тоа.

Бидејќи Кина и Русија имаат право на вето на секое гласање во Советот за безбедност, таквиот услов на Швајцарија би ѝ загарантирал статус на трајно засолниште за Москва и Пекинг.

„Кога сите држави би се однесувале како Швајцарија, не би имало војна“, наведе СВП во соопштение поздравувајќи ја веста за предавањето на потписите, додавајќи сека воведувањето на санкциите против Русија „го загрозува внатрешниот мир и стабилноста на земјата, единствена во успехот среде Европа“.

Партијата ги осуди и „целените обиди да се поткопа швајцарската неутралност“.

Берн се усогласи со одлуките на Европската Унија да воведе економски санкции на руски поединци и компании кои се поврзани со режимот на претседателот Владимир Путин кога почна конфликтот во Украина пред две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ