среда, 23 октомври 2024

Шутаров бара Мицкоски и Арсовска да кажат кои проекти ќе ги реализираат до локалните избори

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните, тврди советникот Гордан Шутаров кој денеска на прес конференција ги повика премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска „наместо да се препукуваат да се фатат за работа“.

Објавено на

часот

Сподели

„Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници. Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата ‘За Модерно Скопје, брзо и сигурно’. Ниту е модерно ниту е брзо, а најмногу од сѐ е најнесигурно. За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје. Наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив’, кажа Шутаров.

Тој тврди дека СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани и дека нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место.

„Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје. Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи. Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје. Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси“, вели Шутаров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ